ДомаПравни информации, правила и услови за користење

Правни информации, правила и услови за користење


ВАЖНО: Правилата и условите за користење на www.avto.mk претставуваат правен договор помеѓу корисниците (правни или физички лица) и фирмата SMARTNET d.o.o. Правните информации на www.avto.mk се однесуваат на сите подстрани на овој домен. Секој корисник кој не се согласува со правилата и условите за користење на www.avto.mk не смее да биде корисник на ниту една од услугите на страната.

Сите права се задржани. Сите информации и материјали на www.avto.mk се заштитени со правата на интелектуална сопственост на SMARTNET d.o.o. и на сите други правни и физички лица кои се регистрирани на страната, заедно со сите објавени содржини.

Ограничување на одговорноста

Фирмата SMARTNET d.o.o. управува со страната www.avto.mk и се труди за работа со најдобри перформанси, но не превзема никаква одговорност и гаранција за нејзино непречено работење. Сите информации, материјали и податоци на www.avto.mk се само за информативни цели. Сите корисници на www.avto.mk ја користат страната со сопствен ризик и одговорност. SMARTNET d.o.o. ниту било кое друго правно или физичко лице кое било дел од развојот на www.avto.mk или пак е сеуште дел од сите надградувања и подобрувања на работата на страната, не се одговорни за секоја штета што би можела да произлезе од неовластен пристап, употреба или неможност од употреба на информации, материјали и реклами на www.avto.mk или за било какви грешки или пропусти во нејзината содржина. SMARTNET d.o.o. не е одговорна за било какви штети (на пример вируси), што би биле направени на компјутерската опрема, телефоните или било каква друга опрема со која е можно да се пристапи на www.avto.mk. SMARTNET d.o.o. се залага за точноста и комплетноста на информациите на www.avto.mk, меѓутоа не превзема никаква одговорност доколку се појават определени грешки во истите.

Објавената „МК цена“ на странски возила која се појавува кај огласите на странски возила е генерирана спрема влезни податоци на акцизи, царини и други давачки за увоз на возила во Република Македонија и претставува само приближна и необврзувачка информативна цена. Затоа, SMARTNET d.o.o. го задржува правото за неточност на објавената „МК цена“.

Огласи и објавени информации

SMARTNET d.o.o. не превзема никаква одговорност за точноста на објавените податоци или сите податоци внесени од страна на трговци или физички лица. Секој договор за купување или продажба на било кое возило објавено на www.avto.mk е договор исклучително помеѓу купувачот и продавачот и тоа не резултира со никаков директен или индиректен обврзувачки однос помеѓу купувачот односно продавачот и SMARTNET d.o.o.. Целата содржина на огласот, вклучувајќи ги целосниот опис, цена и фотографии е единствена одговорност на огласувачот. Доколку огласот е нејасен односно неразбирлив, SMARTNET d.o.o. го задржува правото за промена на било каков податок во огласот, кој нема да предизвика штета на огласувачот. SMARTNET d.o.o. го задржува правото на бришење на огласот доколку тој не е складен со информативните цели на www.avto.mk.

Редакцијата на www.avto.mk го задржува правото на дополнителна проверка на огласот пред неговото објавување, одбивањето за објавување, бришењето или целосното блокирање на било кој дел од огласот доколку огласот е погрешен или на било кој друг начин несоодветен за објавување . Примери на такви содржини:

  • Погрешни информации за контакт
  • Оглас со погрешно објавена цена (на пример, цена без ДДВ)
  • Оглас со несоодветна фотографија
  • Оглас објавен во несоодветна рубрика (на пример, товарно возило во рубрика за патнички возила)
  • Оглас со текст БАРАМ или КУПУВАМ
  • Оглас за вршење на било какви други услуги или продажба на било каква документација
  • Оглас што содржи верски или политички содржини односно верски или политички симболи
  • Оглас кој содржи линкови или текстови за пренасочување до други содржини
Со објавувањето на огласот, огласувачот ја превзема целосната кривична и прекршочна одговорност која е поврзана со објавувањето на содржината во огласот.

Платени содржини и нивно објавување

SMARTNET d.o.o. го задржува правото на блокирање и бришење на објавата или прекинување на целосниот пристап до корисничкиот профил во случај на задоцнето плаќање. Затоа SMARTNET d.o.o. го задржува правото до итно прекинување на претплатата со неплаќачот. Исто така, го задржуваме правото до отфрлање на огласот или блокирање на пристапот до корисничкиот профил за кој се објавени податоци за неподмирени обврски. SMARTNET d.o.o. го задржува правото за одбивање на регистрацијата на трговец или приватен корисник доколку смета дека постои ризик за неплаќање или поврзаност со други лица чии обврски не биле подмирени.

Несоодветна употреба

Во несоодветна употреба на www.avto.mk се вбројува:

  • Пренасочување на личните пристапни податоци на други лица и обид за добивање и употреба на пристапот доделен на друг корисник
  • Уништување или менување податоци на други корисници
  • Намерно попречување и блокирање на работата на други корисници
  • Повреда на тајноста или објавување на податоци кои се во сопственост на други корисници
  • Користење на информациите објавени на www.avto.mk за комерцијални или незаконити цели
  • Објавување и пренос на податоци кои ги прекршуваат авторските права
  • Креирање и објавување на информации со навредлива, непристојна или порнографска содржина
  • Дистрибуција на неточни информации во текстовите на самите огласи
  • Употреба на програми или постапки чија цел е да го кочи интегритетот на стабилно работење на компјутерска опрема или мрежа на која оперира www.avto.mk
  • Какво било попречување или обид да се наштети на софтвер или изворен код со цел менување на условите и работата на страната
  • Употреба на разни програми и апликации, кои би можеле да се употребат за автоматско уредување на податоци на www.avto.mk

Корисникот се согласува да се евидентираат следните информации:

  • Податоците на огласувачот внесени со самата регистрација
  • Податоците од огласи
  • Податоците на прегледани огласи
  • датумот, часот и ИП адресата односно адресата на изворот во случај на сомневање за неправилна употреба.
Исто така, корисникот се согласува истите тие податоци да можат да бидат проследени до надлежните служби во случај на неправилна употреба и за можна натамошна прекршочна или кривична одговорност.

Употреба на информации / материјали и заштита на податоци

Сите содржини на www.avto.mk се заштитени со авторски права како на поединци или бази на податоци. Заштитата на податоците опфаќа пред се‘ лични податоци, информации од огласи, текст, мултимедиски содржини, софтвер, програмска опрема и HTML, Java и Flash на изворниот код. Информациите и материјалите објавени од корисниците (не администраторот) на www.avto.mk можат да бидат превземени за лична употреба, меѓутоа во тој случај не смеат да бидат променети ознаките за авторски права, други соопштенија за права на интелектуална сопственост или какви било други права. Дозволено е превземање и печатење на информации и материјали само со цел гледање и читање во некомерцијални цели. Доколку корисникот смета дека се нарушени неговите авторски права тогаш треба во најбрз можен рок да го контактира администраторот на страната.

SMARTNET d.o.o. преку страната www.avto.mk се труди за поедноставен, оптимизиран и уникатен преглед на сите објавени информации со цел корисниците на секој начин да добијат добри искуства од користењето на страната. Затоа, огласувачот се согласува SMARTNET d.o.o. да ги добие сите авторски права на објавување и дистрибуција на информациите од огласот, секој дел од оглас или фотографии.

Секое друго копирање, дистрибуција, повторено објавување, промена на информации и материјали на www.avto.mk (или било која подстрана на www.avto.mk) или нивно испраќање по пошта и ширење на било каков друг начин без претходна писмена согласност е забрането. Исто така, забранета е употреба на на било кој друг елемент од www.avto.mk за други цели освен лични, домашни и некомерцијални.

Регистрираните трговци во времето на претпланичкото користење имаат право на користење и менување на содржината која сами ја објавуваат. Овие содржини не смеат да бидат користени како извор на информации за објавување во други медиуми.

SMARTNET d.o.o. автоматски ги собира податоците од целосното користење на страната, а особено податоците за најчесто посетуваните подстрани, број на посетувачи на страните и времето на задржување на секоја страна. Тие податоци не дозволуваат пристап до личните податоци на корисниците. SMARTNET d.o.o. ги користи овие податоци за свои цели и понатамошен развој.

Ова правно соопштение, правила и услови може да биде во било кое време променето од страна на SMARTNET d.o.o. и е за сите регистрирани корисници обврзувачко во секоја наредна модифицирана форма. Затоа, се препорачува повремено следење на објавата во Правилата и Условите за користење на www.avto.mk. Со користење на www.avto.mk (со сите подстрани) потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со објавените правила и услови. Употребата на страната во спротивност од овие правила е забранета. Корисникот кој ги прекршува правилата и условите на користење е целосно материјално и кривично одговорен.